Патрис Евра отворено ги критикуваше водачите на Манчестер Јунајтед.
Јунајтед беше поразен со 3:1 од Кристал Палас во саботата и навивачите беа разочарани.
“Овој клуб да престане да биде арогантен. Па, има луѓе кои не го ценат Алекс Фергусон. Ние како играчи ги почитувавме легендите, оние кои ја пишуваа историјата на клубот. Денес, некои луѓе лесно се откажуваат од тие работи. Зошто? Поради пари? Репутацијата на клубот е се нарушува и навивачите треба да ја знаат вистината“, рече Французинот, кој некогаш беше миленик на навивачите на Јунајтед.
Тој посочи дека нема влакна на јазикот, додека некои поранешни играчи молчат, и се надеваат дека ќе се вработат во клубот.
“Знам дека има поранешни играчи кои се плашат да кажат некои работи затоа што се надеваат дека ќе се вработат во клубот. Не ми е гајле затоа што не ми треба Манчестер Јунајтед, го сакам”, рече Евра.