Тиери Анри е најдобриот играч на Арсенал досега. Додека Французинот играше за „топџиите“ тие беа врвен тим, додека денес тие се просечна екипа.
Арсенал синоќа загуби од Барнли со 0:1, а во анализата по натпреварот, Патрис Евра изјави дека Анри го исклучува телевизорот кога го гледа натпреварот на „топџиите“ за доброто на еден човек.
Станува збор за Гранит Џака кој имаше серија контроверзии во минатото, додека синоќа успеа да добие црвен картон за грабнување на Ешли Вествуд за врат.
“Ќе ти раскажам кратка приказна. Анри ме покани во својата куќа еден ден да гледам натпревар на Арсенал”.
“Тој вклучи телевизија, првата сцена што ја виде на екранот беше Џака како го води тимот како капитен. Тој веднаш го исклучи телевизорот”.
“Го прашав што се случи. Не можам да го гледам мојот тим со капетанот Џака”.
https://twitter.com/AFCPW/status/1338236699546148864
Кога новинарот му рече на Еври дека во студиото го нема Анри за да ја потврди дека приказната, тој одговори.
„Верувај ми дека тој ќе потврди, јас не сум лажго“, рече поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед.