Фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилиш изјави дека одиграл страшен натпревар против Интер во финалето на Лигата на шампионите, но дека не му е грижа бидејќи тимот го освоил трофејот за кој играчите напорно работат цел живот.
„За ова работиш цел живот. Јас сум многу среќен. Бев ужасен, но не ми е гајле… Да се освои тројната круна со оваа група играчи е посебно. Емотивно е да се гледа моето семејство на трибините.“ изјави Гралиш за БТ Спорт, пренесе Скај.
Фудбалерите на Манчестер Сити за првпат во клупската историја го освоија трофејот во Лигата на шампионите, бидејќи во финалето во Истанбул го победија Интер со 1:0 со голот на Родри.
„Сега му кажав на (тренерот Пеп) Гвардиола дека сакам да му се заблагодарам, тој ми го овозможи ова. Толку многу веруваше во мене, ме купи за многу пари, дури и минатата година кога играв ужасно, тој беше со Мене, тој разговараше и ми даде можност да играм и оваа година “, рече Грилиш.
Сити ја освои тројната круна оваа сезона бидејќи ја одбрани титулата во Премиер лигата и го освои ФА Купот. Тој стана вториот англиски клуб кој го сторил тоа, по Манчестер Јунајтед во 1999 година.
