Се одигра првиот полуфинален натпревар на Европското првенство во ракомет.
Во одличен натпревар во салата МВМ Доме во Будимпешта, Шпанија ја совлада Данска со резултат 29:25 и се пласираше во финалето, четвртото во серија на ЕП.
Репрезентацијата на Данска поведе со 1:0 на почетокот на натпреварот и не ја загуби предноста до крајот на првото полувреме, која ја реши во своја полза со резултат 13:14, иако беше на + 4 во три наврати.
Второто полувреме сепак му припаѓа на актуелниот европски првак. Тие три пати израмнуваа, водеа со 17:16 и не ја загубија предноста до крајот.
Првото име на натпреварот секако е Гомез кој со 11 голови ги предводеше Шпанците до победата, а мора да се пофалат и Де Варгас кој имаше 14 одбрани.
Кај Данска најдобар беше Хансен со осум гола.
Второто полуфинале е закажано за 20:30 часот кога ќе се сретнат Франција и Шведска.
Да напоменеме и дека претходно денеска, по продолженијата со 34:33, Норвешка беше подобра од Исланд во мечот за 5. место.