Фудбал

ФА ќе бара построги казни за Митровиќ и Силва

Фудбалскиот сојуз (ФА) бара построга казна за српскиот напаѓач Александар Митровиќ, како и за менаџерот на Фулам, Марко Силва, но ќе ги чека писмените објаснувања на Дисциплинската комисија пред да поднесе официјална жалба.

ФА соопшти дека казната што ја добил е „очигледно недоволна“.

Поранешниот судија во Премиер лигата Питер Волтон зборуваше за Би-Би-Си за овој случај и истакна дека построгите санкции ќе им помогнат на судиите да се чувствуваат безбедни и заштитени од конкуренцијата.

„ФА и независната Дисциплинска комисија имаат одлична можност да испратат силна и моќна порака до целото фудбалско семејство дека тоа не е дозволено и не треба да се толерира“, рече Волтон, додавајќи:

„Не може да има место во фудбалот каде што судијата е физички нападнат и малтретиран, ја удирав главата во ѕид за да најдам оправдување, но нема. Имаме одговорност да се погрижиме сите наши судии да се чувствуваат безбедно кога ќе излезат на теренот. За среќа, во професионалниот спорт овој тип на напад се случува многу ретко, мислам дека ми се случи само два-три пати во животот“.

Српскиот репрезентативец доби директен црвен картон во минатомесечното четвртфинале на ФА Купот на Олд Трафорд кога му „стави рака“ на судијата Крис Кавана, откако судијата го исклучи неговиот соиграч Вилијан и досуди пенал против Фулам.

Во соопштението на ФА на Англија, српскиот голгетер доби три натпревари суспензија поради црвен картон, три поради насилничко однесување и уште два поради „груб, навредлив и заканувачки“ јазик.

Ќе мора да плати и казна од 75.000 фунти.

Менаџерот на Фулам, Марко Силва ќе отслужи суспензија од два натпревари по исклучувањето.