Многу драма се гледаше на денешните дуели од четвртото коло на ФА Купот.
Клубовите од Премиер лигата мораа да играат продолженија против нисколигашите.
Челзи по продолженијата го совлада Плимут со 2:1, а регуларниот дел заврши 1:1. Гостите поведоа во осмата минута со голот на Жилесфеј со 0:1, а израмнувањето го донесе Аспиликуета во 41. минута и 1:1 беше резултатот од регуларниот дел од сезоната.
Во продолжението Алонсо им носи триумф на сините со гол во втората минута од судиското надополнување од првото продолжение. Гостите промашија пенал во 118. минута.
Вест Хем се мачеше против Кидернинстер. Домаќините имаа предност од 1-0 до првата минута од судиското продолжение кога Рајс погоди за продолженија. Голот на домаќините го постигна Пени на асистенција на Камерон во 19. минута.
Во судиското продолжение Вест Хем до триумфот дојде со гол во 121. минута, а стрелец беше Бовен.