ФУДБАЛ

ФА објави колку ќе трае зимскиот трансфер период во Англија

Летниот трансфер период во Англија оваа година не траеше како во останатите големи лиги во Европа.

Трансфер периодот во Англија започна кон крајот на минатата сезона и траеше до почетокот на оваа сезона. Обично тоа беше термин од почетокот на јули до крајот на август, но Англичаните решија да го променат.

ФА денес објави како ќе трае и зимскиот рок, а многумина чекаат какви било промени. Меѓутоа, во Англија не сакаа да променат многу околу зимскиот рок.

Денес е потврдено од ФА дека клубовите ќе имаат право на трансфери од 1 јануари, а рокот за зимскиот преоден рок ќе трае до 31 јануари следната година. Ова се очекува да биде термин и во останатите пет лиги.