Играчот за врска Фабијан Руиз дојде во Наполи во 2018 година од редовите на Бетис.
Во последните две сезони, тој е еден од клучните играчи во редовите на Наполи, а се зборуваше и за негово враќање во Шпанија.
Атлетико Мадрид е заинтересиран за неговите услуги, но според денешните пишувања на италијанските медиуми, нема ништо од тоа.
Руиз рече дека е среќен во Наполи и не размислува за промена на животната средина.
Споменатиот фудбалер има моментална вредност од 44 милиони евра, а собра и десет настапи за репрезентацијата на Шпанија со еден гол.