ФУДБАЛ

Фабињо го пропушта финалето на ФА Купот поради повреда

Фудбалерот на Ливерпул Фабињо ќе го пропушти саботното финале во ФА Купот против Челзи поради повреда на мускулот на левата нога, потврди менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.

Бразилецот се повреди во првото полувреме од мечот со Астон Вила, кој Ливерпул го доби со 2:1 како гостин и покрај тоа што тимот од Вила Парк поведе уште во третата минута со голот на Даглас Луиз.

Головите на Жоел Матип и Садио Мане беа доволни за пресврт и надеж дека „црвените“ можат да стигнат до титулата во Премиер лигата. Манчестер Сити има три бода предност пред Ливерпул, а до крајот остануваат уште два натпревари.

„Има големи шанси да може да игра пред крајот на сезоната, но не овој викенд“, изјави Клоп.

Фабињо оваа сезона постигна осум гола и забележа една асистенција.

Ако е шампион на Англија, го освои ФА Купот и Лигата на шампионите, Ливерпул ќе стане првиот англиски клуб кој освоил четири трофеи во една сезона – Црвените веќе го кренаа пехарот од Карабао купот.

Финалето на ФА Купот е закажано за в сабота од 17.45 часот на Вембли

ПОВРЗАНО

Премиер Лига