Фабио Борини го напушти Милан и потпиша за Верона

Written by

in

Милан денес потврди дека Фабио Борини го напуштил клубот и кариерата ќе ја продолжи во Верона.

Борини пристигна во Сан Сиро во летото 2018 година од Сандерленд, но тој не играше баш добро. 28-годишниот играч играше само 70 минути во дресот на Милан оваа сезона и беше јасно дека ќе го напушти клубот.

Милан преговараше со Џенова претходните недели, но тие не успеаја да постигнат договор. Но, после тоа, Верона покажа интерес за Борини, кој договори заем за остатокот од сезоната.

Верона ќе има шанса на крајот на сезоната да му понуди на Борини договор, бидејќи тој ќе биде слободен агент во текот на летото. Во Милан сега е слободен дресот со број 11 кој го бара Ибрахимовиќ во Милано, а интересно ќе биде кој на крајот ќе го земе овој број.