ФУДБАЛ

Фабио Карваљо во Чемпионшип

Фудбалерот на Ливерпул, Фабио Карваљо би можел да ја продолжи кариерата во Хал.

Како што е познато, Ливерпул реши да ја прекине позајмицата на Карваљо во РБ Лајпциг поради недостаток на минутажа.

Јирген Клоп сакаше Карваљо да игра во континуитет оваа сезона за да продолжи да се развива во вистинската насока и според сите проценки ќе биде во Хал до крајот на сезоната.

Овој тим го зазема седмото место на табелата во Чемпионшип и има амбиција да се пласира во плеј-офот за пласман во Премиер лигата.

Карваљо во Ливерпул пристигна од Фулам во летото 2022 година и во текот на минатата сезона имаше минутажа кај Клоп, но Германецот летово донесе неколку засилувања, па позајмицата беше најдоброто решение.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига