ФУДБАЛ

Фабио Виеира нов играч на Арсенал!

Добрите вести доаѓаат за навивачите на Арсенал.

Лондонскиот клуб конечно го финализираше трансферот на Фабио Виеира од редовите на Порто.

Споменатиот фудбалер беше на лекарски преглед и официјално потпиша договор со Топџиите.

Виеира игра на средината на теренот 22 години, а Арсенал преку бонуси на Порто ќе му плати 35 милиони евра плус пет милиони евра.

Фудбалерот од средниот ред има одиграно и 35 натпревари за младинските селекции на Португалија и се уште чека настап за „А“ селекцијата на Португалија.

Посебно се истакна во У21 селекцијата на Португалија, за која одигра 21 натпревар и постигна 13 голови.

Ги помина сите младински категории на Порто и е уште еден производ на одличниот училишен тим од стадионот Драгао.