Шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас даде интервју за престижната „Марка“, каде што тој повторно зборуваше за настаните од пред неколку години, кога тој се пресели од Барселона во екипата на Челзи.
Фабрегас потоа одлучи да ја напушти Барселона, бидејќи не бил задоволен од минутажата, а се веруваше дека ќе се врати во Арсенал, каде што ја започна својата професионална кариера. Сепак, играчот од средниот ред, заврши во Челзи, иако претходно изјави дека никогаш во својот живот нема да може да игра за овој клуб.
Оваа тема повторно беше во центарот на вниманието откако Фабрегас даде интервју за „Марка“. Тој сега повторно ја промени својата приказна и рече дека нема ништо против враќањето во Арсенал и дека овој клуб секогаш ќе биде во неговото срце.
“Арсенал секогаш ќе биде во моето срце и јас никогаш нема да го заборавам она што го искусив играјки за тој клуб. Па, ако ми се пружи шанса, секако дека ќе се вратам таму. Никогаш не се знае. Во тој клуб јас ги живеев најдобрите моменти од мојата кариера и никогаш нема да ги заборавам”, рече Фабрегас.