ФУДБАЛ

Фабрицио Романо: Преговорите се во тек, но не е постигнат договор за Сеад Колашинац

Сеад Колашинац најверојатно ќе го напушти Арсенал до крајот на месецот.

Новинарот кој стана вистински експерт за трансфери, Фабрицио Романо, наведува дека Арсенал и Фенербахче преговараат многу за трансфер на Колашинац, но дека конечен договор се уште не е постигнат.

Колашинац е еден од играчите од кои Арсенал се обидува да се ослободи до крајот на преодниот рок.

Неговиот договор истекува следното лето, а тој заработува 100.000 фунти неделно, така што би значело многу за Арсенал некој друг да ги преземе сите тие обврски. Фенер е подготвен да го донесе Колашинац, но останува да се најде формула според која сите страни ќе бидат задоволни.

Дефанзивецот на Арсенал би се соединил со својот пријател и поранешен соиграч Месут Озил во случај на негово заминување во Истанбул, кој се обидува да ја оживее кариерата играјќи за турскиот клуб.

Според Роман, Лукас Тореира, Вилијан и Хектор Белерин исто така треба да го напуштат Арсенал, а претходно ова го направи искусниот стопер Давид Луиз кој е се поблиску до потпис за Фламенго.