Личностите кои важат за блиски до португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо, уште еднаш покажаа дека се ситни души, полни со омраза. Сестрата на Роналдо, Елма Авеиро и неговиот најдобар пријател Мигуел Паихао, ги искористија социјалните мрежи за да ја искажат својата фрустрација од изборот за “Златната топка” на Франс Фудбал. Тие жестоко ги критикуваа новинарите и Франс Фудбал затоа што наградата не завршила во рацете на фудбалерот на Јувентус.
- За жал, ова е свет кој живее од корупција, мафија и од к*рвини синови. Божјата моќ е поголема од целиот овој трулеж. Господ касни, но никогаш не простува, напиша Авеиро на својот инстаграм профил на кој постираше и слика на која Роналдо позира со “Златната топка”.