Алексис Санчез на почетокот на 2018 година стигна како големо засилување на Манчестер Јунајтед од Арсенал.
„Црвените Ѓаволи“ направиле сѐ што можеа за да го донесат Алексис и му дадоа неверојатна неделна плата од 500.000 евра. Но, брзо се покажа дека чилеанскиот напаѓач беше едно од најлошите засилувања во историјата на Јунајтед.
Алексис не играл во Манчестер Јунајтед во изминатите 18 месеци, а натпреварите во кој тој играше веќе долго време се заборавени.
Сигурно е дека Јунајтед ќе стори сé за да го продаде ова лето и ќе биде чудо ако може да остане на „театарот на соништата“, а и навивачите се свртеа против него, поради лајк на Instagram.
Всушност, Алексис предизвика голем бес кај навивачите на Јунајтед, бидејќи тој ја лајкна фотографија на Алекс Окслејд-Чемберлен, во која тој и неговите соиграчи од Ливерпул го слават трофејот од Лигата на шампионите.
Јунајтед и Ливерпул се лути ривали и тоа им наштети на повеќе навивачи од „Олд Трафорд“.
