Чилеанецот Артуро Видал вечерва направи потег со кој сигурно ќе има проблеми со навивачите на Интер.
Во пресрет на големото дерби против Јувентус, Видал имаше срдечна средба со поранешниот соиграч Џорџо Келини, но потоа направи нешто непростливо за навивачите на Интер.
Додека беше во прегратка со дефанзивецот на Јувентус, тој го бакна грбот на Старата дама и така веројатно си направи сериозен проблем.
https://twitter.com/jnterista_12/status/1350884314544812040
Фановите на Интер сигурно нема да му простат за ова, бидејќи ваквите работи не се забораваат.
Да потсетиме, Видал го носеше дресот на Јувентус од 2011 до 2015 година, освои седум трофеи и одигра 171 натпревар.