Навивачите конечно ќе се вратат на трибините на стадионите во Англија.
Точно не на сите стадиони, но тоа е одлука на челниците на Премиер лигата, како и на владата во Англија.
Имено, во новите протоколи за КОВИД-19 има три нивоа, а Лондон и Ливерпул се на второто ниво и ќе можат да пуштат 2000 навивачи на стадионот, се разбира со социјална дистанца.
Сè започнува со натпреварите од 2 декември, додека натпреварите ќе се играат викендов без присуство на навивачи.
Брајтон игра со Саутемптон, Челзи игра со Лидс, дербито помеѓу Арсенал и Тотенхем и натпреварот помеѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед. На сите овие натпревари ќе има гледачи.
Од друга страна, Кристал Палас, Фулам, Саутемптон и Евертон ќе можат да ги пуштат навивачите на трибините од следната рунда.
Сепак, Вулверхемптон, Лидс, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Њукасл се екипите кои ќе продолжат да играат на домашен терен пред празни трибини.
Исто така, истото ќе треба да го сторат и Барнли, Астон Вила, Вест Бром, Лестер и Шефилд Јунајтед.