Напаѓачот на Јувентус ги изненади своите фанови во последните неколку часа со неколку слики на кои се појавува на сцената и свири гитара.
Кристијано Роналдо не игра на гости денес во Беневенто, бидејќи доби заслужен одмор, а Португалецот слободното време го користи така што „виси“ на социјалните мрежи.
Тој ги изненади своите следбеници и обожаватели кога објави неколку слики на кои свири гитара.
И покрај слабото осветлување, можете да видите како Португалецот со беспрекорна фигура свири гитара на концерт без кошула, истакнувајќи ги неговите стомачни мускули.
„Свирката“ на Роналдо е поврзана со нова реклама во која тој е главниот лик, па навивачите на Јувентус не треба да се грижат дека можеби ќе ја замени топката со гитара …

