ФУДБАЛ

Фантастичен потег на Интер на Твитер по повредата на Лионел Меси

Фудбалерите на Интер во средата ќе играат против Барселона во третото коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Интер ги изненади сите во првите две рунди против Тотенхем и ПСВ, бидејќи постигна две победи, но сега ги очекува најтешката задача и гостување кај Барселона. Сепак, сигурно е дека на гостите од Милан работата му ја олесна тоа што нема да игра Лионел Меси.

Аргентинецот ја повреди раката во дербито против Севиља и по 20. минути игра тој мораше да излезе. Барселона потврди дека Меси ќе биде надвор најмалку три недели и дека ќе ги пропушти двата натпревари против Интер. По објавата на Барса на Твитер и Интер објави одлична порака за еден од најдобрите играчи во светот.

“Жал ни е за твојата повреда и фактот дека нема да можеме да играме против тебе во неколку дена. Секогаш е чест да играме против најдобрите”, напишаа од Интер на Твитер.