ФУДБАЛ

Фантастичниот Бејл ја собори Белорусија во 93. минута

Репрезентацијата на Велс денеска ја совлада Белорусија со 3:2 во фантастичен натпревар на гости во квалификациите за СП.

Велшаните ја одиграа улогата на фаворит на денешниот натпревар, но не помина се како што очекуваа бидејќи Белорусија пружи голем отпор.

Гостите поведоа во шестата минута кога судијата судеше пенал, а сигурен од пенал беше Герет Бејл кој погоди за 1:0.

Сепак, до крајот на првото полувреме, Белорусија достигна пресвртница. Домашниот тим израмни на 1:1 во 29. минута кога видовме нов пенал, а голот го постигна Лисакович.

Само две минути подоцна, Белорусија го постигна вториот гол. Овој пат Лисакович беше асистент, а голот за 2:1 и големото славје на домашниот тим го постигна Седко.

Одличниот натпревар продолжи и во второто полувреме. Во 69. минута го видовме третиот пенал на натпреварот, а вториот за Велс. Топката повторно ја презеде Бејл кој беше сигурен и погоди за 2:2.

Кога се чинеше дека Белорусија и Велс ќе ги поделат бодовите, гостите стигнаа до пресврт во 93. минута.

Во центарот на вниманието повторно беше одличниот Бејл кој го постигна својот трет гол на натпреварот за 3:2 и со тоа и донесе голема победа на својата репрезентација.

Велс моментно е трет во групата Е зад Белгија и Чешка со шест бода, додека Белорусија е четврта со три бода.