Еурофарм Работник вечерва во Загреб го доживеа првиот пораз во ракометната СЕХА лига.
Домашната екипа ППД Загреб, т.н. „бели лавови“ беа за еден гол подобри од битолските „фармацевти“ и победија со 24:23, иако првото полувреме заврши нерешено, 11:11.
Во тактички натпревар, одбраната на Веселин Вујовиќ ја надмудри одбраната на тимот на Стевче Алушовски и затоа стрелците во двете екипи затаија и беа недоволно ефикасни.
Кај домаќините Мраковчиќ постигна само 4 голови, додека кај битолчани Јотиќ како најефикасен постигна 5 голови во 60 минути активна игра
Еурофарм и Веспрем со по девет бода за на првите две места во Б-групта, Загреб е трет со шест бода.