ФУДБАЛ

Фатен на дело: Артур го прекрши протоколот за враќање на тренинзите! (ФОТО)

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артур Мело, го прекрши протоколот за тренинг, препорачан од Ла Лига.

Бразилскиот фудбалер пристигна во тренинг-кампот на Барселона во понеделникот во друг автомобил, наспроти неговото прво пристигнување на индивидуалните тренинзи во петокот.

Во протоколот јасно е наведено дека играчите во спортски објекти доаѓаат од нивниот дом и дека секогаш мора да го сторат тоа во ист автомобил. Артур го прекрши токму тоа правило.

23-годишниот играч пристигна на тренинг со Range Rover во петокот, додека тој денеска беше зад воланот на Ферари. Детал што не го пропуштија шпанските медиуми.

Останува да се види што ќе стори Барселона откако ќе го добие објаснувањето на играчот за прекршувањето на протоколот. Можно е Бразилецот да биде санкциониран за пристигнување во друг автомобил.

Патем, Артур честопати се поврзуваше со напуштањето на Барса во последните денови. Многумина веруваат дека тој ќе биде вклучен во размената со Јувентус. Миралем Пјаниќ би можел да оди во спротивна насока.

ПОВРЗАНО

Ла Лига