Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Брајтон.
Иако му предвидуваа голема иднина и често го споредуваа со Лионел Меси, очигледно е дека не му оди туку времето.
Младиот Шпанец имаше проблеми со повреда на коленото, а оваа сезона не добива толкава минутажа кај Чави. Од почетокот на оваа сезона, тој забележа вкупно 47 минути.
Се чини дека позајмицата доаѓа по логичен редослед на настани, иако не се совпаѓа со очекувањата и предвидувањата.
Тренерот Чави наместо него го претпочита 16-годишниот Ламин Џамал. Доволно показател дека е време за поинаква средина.
Фати верува дека ќе има забележителна улога во новиот тим, што ќе му помогне да се врати во Барселона следната сезона.
