Рафаел Надал ја заврши 2019 година на врвот на АТП листата, по петти пат во својата кариера, 11 години од неговиот прв пат. Шпанецот покажа дека се уште е во форма, добивајќи ги пофалбите на неговиот ривал Роџер Федерер.
„Рафа е извонредна личност и одличен спортист“, велат Швајцарецот.
„Тој да заврши на прво место оваа година, 11 години од првиот пат и тоа е фантастично за него. Изјави дека е повреден често и нема да има долга кариера, но отсекогаш наоѓал сили да се врати и да победи“, изјави Федерер.
„Надал имаше одлична сезона, освојувајќи два грен-слема. Од него научив многу, бидејќи тој е голем шампион, пример за сите. Горд сум што сум во дуел со него сите овие години. Тој веројатно ќе стане најголемиот тенисер во историјата“, рече Федерер.