Швајцарскиот тенсиер Рожер Федерер со многу маки стигна до полуфиналето на турнирот во швајцарскиот град Базел. Тој во четвртфиналето синоќа го совлада Французинот Адриан Манарино со 2-1 во сетови.
Манарино го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а Федерер беше подобар во следните два со 6:1 и 6:3. Федерер е седумкратен победник на овој турнир.
Тој во полуфиналето ќе игра против Давид Гофан од Белгија, кој дури по полноќ го совлада Американецот Џек Сок со 2:0 во сетови (7:6 и 6:3).
Во првото полуфинале ќе играат Хуан мартин Дел Потро и Марин Чилиќ.