Милан оваа зима би можел да го ангажира Фелипе Андерсон, крилото на Порто.
Имено, оваа вест ја објави Дејли Меил, а Бразилецот во моментов е на позајмица во Порто, каде одигра само четири официјални натпревари.
Таму игра како позајмен играч на Вест Хем, но сега веројатно чека нова позајмица.
Милан сака да ја искористи ситуацијата и со тоа да му донесе конкуренција на Анте Ребиќ, и дополнително да го засили тимот.
Милан е лидер на табелата во Серија А, но во овој клуб се свесни дека се потребни засилувања, доколку секако сакаат да одржат добри игри.
Андерсон веќе играше за Лацио во Италија, од каде се пресели во Вест Хем во 2018 година за цели 38 милиони евра.