Македонскиот фудбалски првак Вардар се наоѓа во Шпанија каде утре го игра дуелот од 4. коло од Лига Европа против шпанската екипа Реал Сосиедад.
„Црвено-црните“ од денеска се во Шпанија, а за состојбата и кризата на резултатски план стрелецот на единствениот гол за Вардар во групата од Лига Европа Бразилецот Фелипе изјави дека не знае што се случува.
– Нашата игра значително падна, на терен излегуваме демотивирани. Наша задача е да го вратиме Вардар од пред неколку месеци. Со Реал Сосиедад не чека тежок дуел и мораме да биде фокусирани на овој дуел, рече Фелипе.
Вардар по три одиграни кола има три порази со гол разлика 1:14. Утрешниот дуел со Реал Сосиедад се игра на стадионот „Аноета“ со почеток 21 часот и 5 минути.