ФУДБАЛ

Фердинанд: Халанд го уништи Гвардиола

Фото: Soccer Football - Champions League - Round of 16 - Second Leg - Manchester City v RB Leipzig - Etihad Stadium, Manchester, Britain - March 14, 2023 Manchester City's Erling Braut Haaland in action with RB Leipzig's Josko Gvardiol REUTERS/Molly Darlington - UP1EJ3E1KAECX

Неверојатниот настап на Ерлинг Халанд, кој постигна пет гола во победата од 7-0 против Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите, е топ тема на Островот.

Дуелот меѓу напаѓачот на Сити, кој важи за најдобар млад напаѓач во светот, и Хрватот Јошко Гвардиола, кој беше прогласен за најдобар млад стопер и кој веќе го бараат најбогатите клубови во светот, целосно му припадна на Норвежанецот.

Тој од 22. до 63. минута пет пати успеа да ја погоди мрежата на гостите, а Гвардиол апсолутно ништо не му можеше. Интересно е што Хрватот одигра очајно против Халанд, иако беше одличен на првиот натпревар против истиот ривал. Потоа го направи противникот невидлив, а постигна и гол за 1:1.

Меѓутоа, сега сè беше поинаку. Рио Фердинанд, поранешен стопер на Манчестер Јунајтед и Англија, а сега стручен коментатор на БТ Спорт, се одрази на играта на Гвардиола:

„Многу зборувавме за него. Најголемите светски клубови го посакуваат, но Халанд беше тежок залак. Го мачеше, го уништи. Гвардиол беше премногу нервозен и Халанд го победуваше на секој дуел. Ова беше ноќна мора за Хрватот“, заклучи Фердинанд.