Оле Гунар Солскјер е голема мета на критики од навивачите на Манчестер Јунајтед и медиумите.
Манчестер Јунајтед не игра добро, но Норвежанецот е сеуште на клупата. Деновиве се шпекулира дека него ќе го наследи Маурисио Почетино, но легендата на „црвените ѓаволи“ Рио Фердинанд не мисли така.
„Медиумите покажаа многу непочитување кон Оле. Напишано е дека клубот веќе преговара со Почетино, но од сигурни извори дознав дека немало разговори и дека клубот никогаш не би му го сторил тоа на Оле. Многу е грдо да се напише дека тој е поранешен тренер и дека доаѓа нов тренер. Тој добро ја извршува својата работа, тимот секогаш победува кога треба, како што покажаа на гостувањето кај Евертон “, изјави Фердинанд.
Манчестер јунајтед е на 14-тото место во шампионатот со само десет освоени бодови.
Фердинанд моментално работи како ТВ-коментатор.