Учеството на Бруно Фернандеш во премиерлигашкото дерби против Ливерпул е доведено во прашање.
Одличниот играч за врска на Манчестер Јунајтед има полесна повреда, која ја заработи во средата на натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта. За време на тренингот почувствува болка на загревањето, што е голема причина за загриженоста на тренерот Оле Гунар Солскјер. Фернандеш оваа година постигна четири гола на 12 натпревари.
Проблемот станува уште поважен ако се знае дека неизвесна е и играта на Маркус Рашфорд, кој порано излезе на натпреварот со Аталанта поради силен удар.
Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул се игра во недела од 17:30 часот.