Поранешниот бразилски репрезентативец Фернандињо ќе потпише со Атлетико ПР. Трансфер експертот Фабрицио Романо тврди дека играчот од средниот ред се согласил на двегодишен договор со клубот од Куритиба.
Фернандињо ( 37) е слободен играч откако го напушти Манчестер Сити на крајот од минатата сезона. Кариерата ја започна во Атлетико ПР, а потоа изгради име во Европа со екипата на Шахтјор (Доњецк) , за во 2013 година да се пресели во Манчестер Сити. Со „граѓаните“ играчот од средниот ред освои вкупно 14 трофеи.
Минатата сезона Фернандињо одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 2 гола и 2 асистенции.