Пилотот на тимот Хас во Формула 1, Данецот Кевин Магнусен, истакна дека Шпанецот Фернандо Алонсо со своето однесување по многу нешта потсетува на бразилскиот фудбалер Неимар. Имено, 25 – годишниот Данец нема многу пријатели во најбрзиот циркус на денешницата, а освен Нико Хуллкенберг, кој го нарече „највалканиот пилот во Ф1“, овој пат имаше што да каже и за Алонсо.
Секогаш се жали преку радио врските, Но, тоа го гледаме и во другите спортови. И големите спортисти го прават тоа , како на пример Неимар. Сметам дека тоа е претерување. Интересно е тоа што судиите ниту еднаш не реагирале на неговите обвинувања, но тој и понатаму претерува. Најпаметно му е да си ја работи својата работа, бидејќи тој е еден од најдобрите пилоти во Формула 1, истакна Магнусен.