Германскиот возач на болидот на Ферари Себастијан Фетел на крајот беше задоволен со второто место на вчерашната трка на „Хунгароринг“, иако тоа не беше тоа што тој и неговиот тим го сака на почетокот на викендот.
Фетел пред самиот крај на трката успеа да го претекне Валтери Ботас, а истото го направи и Кими Раиконен, па на крајот може да се каже дека двата болида на Ферари извлекоа најмногу што можеа.
„Зад нас е тешка трка. Јасно е не бевме во добра позиција, и покрај тоа што имавме брзина. Имав добар старт, бев трет и беше тешко да се одлучи кога е вистинското време за одење во бокс. Потоа дојде до проблем и излегов за Валтери. Неговите пневматици беа во многу лоша состојба и верував дека ќе можам да го стигнам и да го поминам. Второто место не е она што го сакавме, но подобро од тоа не можевме“, рече Фетел кој го прокоментира и инцидентот со Ботас.
„Го почувствува ударот, но не бев сигурен што се случило. Имав среќа што немаше поголема штета и што не се откажав“.
Германецот сега заостанува 24 бодови зад лидерот во шампионатот Хамилтон.