ДРУГИ СПОРТОВИ

ФФМ донира опрема на третолигашите

Фудбалската федерација на Македонија им додели спортска опрема и топки на 71 клуб од шесте региони во Третите лиги.

Ова акција е продолжување на снабдувањето на македонските фудбалски екипи со опрема која ќе им се олеснат тренинзите и настапите во првенствата.

– Сите наши клубови заслужуваат соодветно внимание и поддршка, токму затоа ни е драго што Фудбалската федерација на Македонија преку донација на опрема и фудбалски топки им дава поддршка на клубовите од Третите лиги во шесте региони во државата. За тимовите, посебно тие кои се натпреваруваат во понизок ранг е значајно кога има некој што може да им помогне. ФФМ секогаш ќе биде на нивна страна, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Минатата недела ФФМ согласно одлуката на Управниот одбор и потпишаната согласност од клубовите од Прва МФЛ донираше опрема (спортска опрема, реквизити, фудбалски топки) од средствата добиени од Шампионската лига наменети за развој на младинскиот фудбал во клубовите.

ПОВРЗАНО

Прва МФЛ