Фудбалската федерација на Македонија ја информира дека Градски стадион Кавадарци се суспендира поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат. Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .
Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар 0:3 го регистрираше овој натпревар .
ФФМ го суспендираше теренот во Кавадарци поради инцидентот на мечот со Вардар кој доби службена победа (ВИДЕО)
