ФУДБАЛ

ФФМ ќе има на располагање 17 милиони евра од УЕФА за развојни проекти

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), како и преостанатите 54. федерации во Европа, од УЕФА ќе добијат по 17 милиони евра за развојни проекти за периодот од 2024 до 2028 година.

Одлуката е донесена на дводневниот 46. редовен Конгрес на УЕФА што денеска заврши во Виена, а на кој учествуваше и висока делегација на ФФМ, предводена од претседателот Муамед Сејдини.

Како што е соопштено, помеѓу 2024 и 2028 година, секоја национална федерација на Стариот континет ќе има на располагање 17 милиони евра за програми за едукација и развој, како што се програмите за општествена одговорност, обука на тренери и судии и за финансирање на фудбалската инфраструктура.

Од почетокот на програмата „Хет-трик“ во 2004 година, УЕФА во европскиот фудбал досега инвестираше 2.5 милијарди евра.