Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите граѓани кои сакаат да им се заблагодарат на нашите момци кои синоќа го победија евроскиот прват Италија, вечерва во 18 часот и 30 минути да бидат на плоштадот Македонија.
Пристигнувањето на фудбалската експедиција на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо е најавено за 17:30 часот.
Илјадници македонски навивачи синоќа спонтано ја славеа големата победа низ скопските улици, по што масовно се собраа на плоштадот „Македонија“, а триумфот се славеше и низ други градови во државата.