КОШАРКА

ФИБА отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања во Куманово!

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања за време на натпреварот Македонија – Романија одигран во саботата во Куманово.

-Во оваа фаза собираме релевантни извештаи поврзани со инцидентот и сме во тесна координација со вклучените национални федерации како и со локалните власти и органите за спроведување на законот, изјавил претставник на ФИБА.

Непримерното однесување на дел од навивачите го осудија Кошаркарската федерација, Министерството за спорт, и сите политички чинители во државата, а Министерството за внатрешни работи веќе презема активности за санкционирање на сторителите.