ТАЈМАУТ

ФИФА 22 носи револуција меѓу игрите

Љубителите на игри наскоро ќе можат да уживаат во новата игра на ФИФА 22, која ќе пристигне на пазарот за помалку од еден месец.

EA Sports одлучи да издаде демо верзија на играта малку порано, и секој ќе може да го проба веќе следната недела.

Од 13 септември, навивачите на ФИФА ќе можат да ја испробаат ФИФА 22 во демо верзија, а EA Sports изјави дека ова ќе биде нова револуција во игрите.

Датумот на објавување на ФИФА 22 е 1 октомври, но поединците ќе можат да ја добијат својата игра порано.

Претплатниците на EA Play и оние кои порано ја порачале играта ќе имаат можност да ја играат од 27 -ми септември.

Исто така, од 22 септември, претплатниците на EA Play или Xbox Game Pass Ultimate ќе имаат можност да ја испробаат FIFA 22, а нивното време е ограничено на 10 часа игра.

 

 

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026