ФУДБАЛ

ФИФА без милост: Суспендирани две Федерации

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендираше Фудбалскиот сојуз на Чад и Фудбалскиот сојуз на Пакистан.

Кабинетот на Советот на ФИФА ја донесе оваа одлука поради мешање на политиката и трети страни во работата на споменатите фудбалски федерации.

Особено, Фудбалскиот сојуз на Чад беше суспендиран затоа што Владата на оваа земја ги повлече овластувањата на Здружението, формираше сопствено тело за контрола на фудбалот и ги окупираше просториите на Здружението. Суспензијата ќе биде укината откако Фудбалскиот сојуз на Чад ќе потврди дека Федерацијата повторно е под нивна контрола.

Од друга страна, Фудбалскиот сојуз на Пакистан е суспендиран поради мешање на трети лица во работата на Сојузот, што ги крши правилата и прописите на Меѓународната фудбалска федерација.

ФИФА беше принудена да донесе таква одлука откако демонстрантите го презедоа седиштето на Федерацијата и го отстраниа Комитетот за нормализација, кој беше назначен од ФИФА.