ФУДБАЛ

ФИФА ги предупреди хотелите во Катар поради дискриминација

Од хотелите на официјалната листа на препорачани сместувања за Светското првенство во Катар во 2022 година се бара да ги пречекуваат гостите на „недискриминаторски начин“ или ќе се соочат со раскинување на договорите, соопшти ФИФА.

Истражувањето на скандинавските медиуми покажа дека три од 69-те хотели на официјалната листа на ФИФА за препорачано сместување ќе им забранат влез на истополови парови. Дваесет други хотели рекле дека ќе ги сместат сѐ додека јавно не покажат дека се хомосексуалци, а 33 хотели немаат проблем да резервираат истополови парови.

Хомосексуалноста е нелегална во Катар, кој ќе биде домаќин на Светското првенство од 21 ноември до 18 декември.

ФИФА соопшти дека, откако била запознаена со извештајот, била во контакт со Врховниот комитет за испорака и наследство и како што соопшти „ќе се погрижи споменатите хотели уште еднаш да бидат запознаени со нашите строги барања во однос на пречекот на гостите на недискриминаторски начин.