ФУДБАЛ

ФИФА го демантира капитенот на Никарагва, кој изјави дека не гласал за Меси

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја демантира изјавата на капитенот на репрезентацијата на Никарагва Хуан Барера. Тој изјави дека не гласал за напаѓачот на Барселона и Аргентина Лионел Меси во изборот на ФИФА за фудбалер на годината.

Прес-службата на ФИФА соопшти дека поседува формулар за гласање потпишан од Барера и со печат на фудбалската федерација на Никарагва.

Претходно, селекторот на репрезентацијата на Судан, Здравко Логарушиќ, исто така, рече дека неговиот глас во корист на Меси е фалсификуван.