Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го помести датумот за почеток на Светското првенство во Катар.
Турнирот на најдобрите светски селекции е планиран да се одржи од 21 ноември до 18 декември, но според информациите до кои дојде The Athletic, почетокот на првенството ќе биде поместен за еден ден.
Одлуката за промена на распоредот е донесена поради тоа што Катар како домаќин сака да го одигра првиот натпревар на првенството. ФИФА е подготвена да им излезе во пресрет и Светското првенство треба да започне во недела на 20 ноември, односно ден порано од планираното.
Според првичниот план, Мундијалот требаше да биде отворен со меч меѓу Холандија и Сенегал, но очигледно тоа нема да се случи бидејќи домашната селекција прва ќе излезе на терен.
Остатокот од распоредот нема да се промени. Се ќе се игра според планот и програмата, а се очекува ФИФА наскоро и официјално да објави дека Катар и Еквадор ќе го отворат турнирот.
Земјите домаќини ги играат првите натпревари на Мундијалот од 2006 година, а дотогаш бранителот на титулата беше тие што го отвори Мундијалот.
Светското првенство во Катар е единствено по многу нешта. Тоа е прво Светско првенство кое се игра наесен, а така е решено поради високите температури кои владеат во оваа земја, а играњето во летниот период едноставно би било невозможно.
Играчите и репрезентациите ќе имаат малку време за подготовки. Првенствата генерално ќе престанат на седум дена пред почетокот на Светското првенство, а многумина сметаат дека тоа ќе биде доста проблем.
Исто така, нема да има премногу време за одмор и по завршувањето на првенството. Фудбалерите веднаш се враќаат во клубовите, а особено ќе им биде тешко на фудбалерите од англиската Премиер лига, кои имаат многу напорен распоред за време на новогодишните и божиќните празници.
Сепак, на сите би требало да им биде полесно со правилото од пет замени, кое останува на сила, а тренерите ќе можат максимално да ги одмораат главните играчи на одредени натпревари.