Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џanани Инфантино изјави денес дека организацијата ќе го разгледа предлогот на Арсен Венгер за намалување на бројот на репрезентативни прозорци во текот на годината.
Венгер неодамна предложи репрезентативните активности да се играат во еден или два термина, така што играчите потоа можат лесно да се посветат на клупските обврски.
“Календарот на меѓународни натпревари е една од клучните точки на следниот состанок. Едно од решенијата за кои ќе разговараме е да ги вметнеме квалификациските натпревари на вистински начин”, рече Венгер и продолжи:
„Наместо да се играат во септември, октомври, ноември, март и јуни, предлогот е сите натпревари да се играат во еден месец или во два термина – октомври и февруари. Ако ова може да се договори, играчите може мирно да се посветат на клубови, од март до јуни. Идеалното решение ќе биде сите квалификациски натпревари да се играат за еден месец, да речеме во октомври “, рече Венгер и додаде:
“Ги правите квалификациите и остатокот од сезоната сте слободни во корист на клубот. На крајот на сезоната играте повторно за националниот тим на големи натпреварувања”, изјави Венгер.
Венгер исто така истакна дека би било добро Европските и Светските првенства да се играат на секои две години.
FIFA president Gianni Infantino is open to changing the football calendar after Arsene Wenger proposed World Cups and European Championships should happen every two years. pic.twitter.com/gZFfh5iu3D
— Sky Sports News (@SkySportsNews) March 19, 2021
Инфантино денес истакна дека е подготвен да ги поддржи ваквите промени што ги предложи легендарниот стручњак.
“Треба да бидеме отворени за разни предлози и идеи. Арсен Венгер не е само успешен менаџер, тој е професор по фудбал”, рече Инфантино и додаде:
„Нашите тела ќе разговараат за календарот на натпреварувања затоа што сакаме да донесеме одлука во следните неколку месеци, колку побрзо, толку подобро, за сè да може да се испланира“, рече првиот човек на ФИФА.
Ќе видиме дали овие промени навистина ќе се случат, но има шанси да видиме значителни промени во светот на фудбалот во иднина.