Турски Трабзон ќе мора да му исплати на Милан 12 милиони евра за Јурај Кучка и Хозе Соса.
Во 2017. година турскиот клуб ја ангажираше двојката на Милан за 12 милиони евра. Словакот чинеше пет, а Аргентинецот седум милиони евра.
Според „La Gazzetti dello Sport“, ФИФА му наредила на Трабзонспор да го исплати долгот кон „Росониерите“, инаку ќе ги блокира сметките на турскиот клуб и нема да има право да носи нови играчи.
Покрај тоа, Трабзонспор би можел да добие и жестока парична казна. Ситуацијата во Трабзон не е идеална, но овој клуб ќе мора во што пократок временски период да го подмири долгот кон Италијанците.
Кучка одигра осум натпревари во турската Суперлига и постигна еден гол, додека Соса во 16 настапи постигна два гола и четири асистенции.