ФУДБАЛ

ФИФА на светскиот шампион му дава и 42 милиони долари

Новиот светски фудбалски шампион ќе заработи 42 милиони долари, а поразениот во денешното финале на турнирот во Катар ќе добие 30 милиони долари од фондот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), кои изнесуваат 440 милиони долари.

Парите ќе одат за фудбалските сојузи, а најголем дел од наградните пари ќе одат кај самите фудбалери. Бранителот на титулата Франција и Аргентина денеска од 16:00 часот ќе играат во финалето на стадионот Лусаил. Францускиот весник Екип објави дека француски играчи како Килијан Мбапе ќе добијат бонус од 586.000 долари од домашната федерација во случај на победа.

Третопласираната репрезентација на Светското првенство Хрватска заработи 27 милиони долари од ФИФА, а четвртопласираната Мароко 25 милиони долари.