ФК Партизан ќе биде казнет со забрана за регистрација на нови играчи во следните три преодни рокови, доколку во експресниот рок не ги плати сите долгови. ФИФА не простува и пред црно-белите има потег кој мора да се повлече.
Како што пренесува Спортклуб, казната е на сила од 17 април и се однесува на неплатени долгови кон Такума Асан. Партизан сега треба веднаш да подмири конкретни долгови и да го активира укинувањето на суспензијата. Спортскиот арбитражен суд во Лозана го потврди долгот и му наложи на Партизан да му плати на јапонскиот интернационалец, а воедно и да ги покрие трошоците за постапката. Станува збор за сума од околу 460.000 евра, а Партизан веќе имаше идентична ситуација пред две години, кога му се задолжи на Филип Холандер, а потоа клубот го одложи плаќањето, до казната на ФИФА. ФИФА изрече забрана од 18 месеци, но клубот брзо реагираше и без проблем влезе во летниот преоден рок.
