Лионел Меси во понеделник и официјално ќе ја добие наградата „The Best“ на ФИФА.
Оваа награда ФИФА ја доделува на најдобриот играч на годината, а несомнено Лео Меси беше тој кој конечно успеа да го освои Светското првенство.
Церемонијата е закажана за понеделник во Париз, а веќе е познато дека наградата ќе ја добие Лионел Меси.
Инаку, оваа награда се доделува од 2016 година, а Меси ја има добиено еднаш, а двапати Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски, со кои Аргентинецот сега ќе се израмни.
Да потсетиме, „Златната топка“ за 2022 година ја освои Карим Бензема, но одлучено е при доделувањето на таа награда да не биде вклучен настапот на Светското првенство.
Постојат сите шанси Меси да ја освои својата рекордна осма Златна топка во 2023 година токму поради Светското првенство во Катар, кое заврши на 18 декември 2022 година.
