Церемонијата на ФИФА „The Best“ моментално се одржува во Цирих, каде меѓу другото ќе биде прогласен и најдобриот играч на светот.
Досега оваа вечер Мануел Нојер беше прогласен за најдобар голман, но најголемото изненадување е што Јирген Клоп ја освои наградата за тренер на годината затоа што сите мислеа дека тоа ќе биде Ханси Флик.
Пред наградата за најдобар играч на светот во 2020 година, беше откриен најдобриот тим во сезоната зад нас.
Најдобриот тим на годината беше: Алисон (Ливерпул), Александар-Арнолд (Ливерпул), Ван Дајк (Ливерпул), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Алфонсо Дејвис (Баерн), Кимих (Баерн), Де Брујн (Манчестер Сити) , Тиаго Алкантара (Баерн / Ливерпул), Меси (Барселона), Левандовски (Баерн), Роналдо (Јувентус).
